Хрватската влада со пакет економски мерки од 3,9 милијарди евра
![Хрватската влада со пакет економски мерки од 3,9 милијарди евра](https://gdb.rferl.org/08CD77AD-F46C-4171-8D84-C86455533E6D_cx22_cy9_cw76_w800_h450.jpg)
Хрватската Влада предложи, а Парламентот прифати пакет мерки во вредност од 30 милијарди куни (3,9 милијарди евра) за да ѝ помогне на економијата погодена од епидемијата на коронавирус. Пакетот содржи 63 мерки насочени кон зачувување на работни места и плати, пренесе МИА, повикувајќи се на информациите објавени од агенцијата Хина.
Во Европа, повеќе од 100,000 се заразени со коронавирус
Меѓу другото, овие мерки ќе им овозможат на претприемачите и граѓаните погодени од коронавирусот да го одложат плаќањето на јавните давачки, како што се даноците на приход и добивка и придонесите. Плаќањата ќе бидат одложени на три месеци, со можност за продолжување на уште три. Потоа, ќе биде овозможена отплата на тие долгови, на рати на 24 месеци без камата.