Бугарски пратеници со скафандери во Парламент
![Бугарски пратеници со скафандери во Парламент](https://gdb.rferl.org/BC8A7929-E1E6-4520-9AE8-AAB6F7CAE198_w800_h450.jpg)
Двајца пратениците од партијата Волја, Веселин Марешки и Кристина Таскова, влегле во бугарскиот Парламент со заштитни скафандери, на што реагирале пратениците од Бугарската социјалистичка партија кои побарале да ги отсранат, бидејќи дополнително ја влошуваат ситуацијата, пренесе МИА.
„Бугарскиот Парламент не треба да се претвори во центар на заразата“, рече пратеникот Марешки.
Бугарија влезе во фискален дефицит поради коронавирусот
Претседателката на Парламентот, Цвета Карајанчева, му одговори дека во Парламентот се преземаат сите санитарни мерки, сите пратеници се со маски, а говорницата постојано се чисти, но дека не може да се запре работата на Парламентот.