Гувернерот на Калифорнија издаде наредба жителите да останат во домовите
![Гувернерот на Калифорнија издаде наредба жителите да останат во домовите](https://gdb.rferl.org/1B0DB5EB-152E-43FB-B0F5-869858D9DCE8_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусам, синоќа издаде наредба до сите жители на таа американска држава да останат во своите домови за да се борат против ширењето на новиот коронавирус. Ограничувањата во движењето важи за сите 40 милиони жители на Калифорнија, најнаселената држава во Америка.
Двајца претставници на американскиот Конгрес заразени со коронавирус
Њусам претходно издаде предупредување дека 56 проценти од жителите на Калифорнија би можеле да се заразат со вирусот во наредните осум недели. Во САД досега починале 205 лица, а повеќе од 14.000 се заразени.