Шпанија ја предаде ратификацијата за македонското членство во НАТО
![Шпанија ја предаде ратификацијата за македонското членство во НАТО](https://gdb.rferl.org/D241677D-F072-412E-BE26-D4E4F31719F7_w800_h450.jpg)
Шпанскиот амбасадор во САД, Сантиаго Кабанас, синоќа во Стејт департментот се сретна со заменик државниот секретар Филип Рикер и го предаде оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО. Документот неделава беше изгласан во Сенатот и потпишан од кралот на Шпанија Фелипе Шести. “Добредојдовте во семејството на НАТО”, порача амбасадата до македонското МНР и до Северна Македонија синоќа во соопштение на Твитер.
Кралот на Шпанија го потпиша Протоколот за членство на Македонија во НАТО
Стејт департментот сега треба да ги извести сојузниците дека сите земји членки на воената Алијанса ги депонирале ратификациите во Канцеларијата за меѓународни спогодби. Откако ќе добие писмо од генералниот секретар Јенс Столтенберг, тоа треба да го стори и Северна Македонија, по што нашата земја и официјални ќе стане 30. земја членка на НАТО. Во меѓународното право, САД се јавуваат во својство на депо каде се депонираат и чуваат оригиналите на сите меѓународни договори.