Човекот го забрзува стареењето на Преспанското Езеро
![Човекот го забрзува стареењето на Преспанското Езеро](https://gdb.rferl.org/D45AD037-5DBE-45AC-9490-569FC6195309_cx21_cy16_cw71_w800_h450.jpg)
Сушните есен и зима, без дождови и снег, како и влијанието на субјективниот фактор го намалуваат нивото на водата на Преспанското Езеро, со кое стопанисуваат Македонија, Албанија и Грција, што претставува закана за целиот еколошки систем. Преспанчани бараат помош од оние кои можат да помогнат: државата, научниците, граѓаните, активистите. Но каква е грижата и политиката за користењето на езерските ресурси, дали таа е во сообразност со климатските промени и постојат ли информации за количеството на експлоатацијата на водите од земјоделството?