НАКС предлага скалесто намалување на платите
Независниот академски синдикат побара приватниот сектор да го понесе товарот од кризата исто како и јавниот. Од таму предлагаат скалесто намалување на платите на вработените во јавниот сектор од нула проценти за оние со најниски плати, до 30 отсто за оние со највисоки плати, намалување на платите на избраните и именуваните лица за 30 проценти, пренамена на буџетски средства кои не се од витално и ургентно значење во фондот за справување со кризата.
Од овој академски синдикат предлагаат поставување горна граница на висина на плата или до 2000 евра и се што е над таа граница да се слева во фондот за справување со кризата, како и воведување солидарен данок на компаниите со добивки над еден милион евра, во иснос од 10 проценти од добивката која надминува милион евра.
Пред оваа реакција, реакции на предлогот за намалување на платите на јавната администрација, доставен од СДСМ, имаше и од СОНК и од ВМРО-ДПМНЕ.