ЕУ министрите дадоа зелено светло за преговори
![ЕУ министрите дадоа зелено светло за преговори](https://gdb.rferl.org/303C6ACF-2A99-443A-A4B2-3BFBCC6757BF_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Министрите на ЕУ го дадоа долгоочекувано зелено светло за да започнат преговорите со Северна Македонија и со Албанија за членство во Европската унија, објави германската новинска агенција ДПА.
„Добра вест во овие мрачни времиња. Честитаме на Тирана + Скопје, заслужено е“, објави германскиот државен секретар за европски прашања Мајкл Рот на Твитер, нарекувајќи ја одлуката двојна победа - и за ЕУ и Западен Балкан.
Речиси во исто време на Твитер се огласи и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.
„Задоволен сум што земјите членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји“, напиша Вархеји, додавајќи дека тоа, според него, е гласна и јасна порака до Западен Балкан.