Многу непознаници за онлајн наставата
Дел од професорите велат дека е добро што се овозможува електронско учење, но укажуваат дека важно е колку учениците имаат технички услови и дали тоа ќе може да го платат. Од факултетите посочуваат дека за теоретската настава нема да има проблеми, но за практичните предмети тоа е невозможно.