Шекеринска: Со депонирањето на нашиот Протокол во Вашингтон стануваме 30 членка на НАТО
![Шекеринска: Со депонирањето на нашиот Протокол во Вашингтон стануваме 30 членка на НАТО](https://gdb.rferl.org/CEF6ED92-3D7F-4A5A-8F49-C88C68242899_w800_h450.jpg)
„Не треба да се чека министерски состанок за да се потврди нашето членство во НАТО, туку нашето членство станува и де јуре и де факто во оној момент кога ние ќе го испратиме нашиот ратификуван протокол во Вашингтон, откако тоа ќе го сторат останатите земји членки. Практично моментот кога тој ќе биде примен и активиран во Стејт департментот е момент кога РСМ ќе стане 30 членка на НАТО“, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес – конференција во Владата.
Граѓаните за НАТО: Гаранции за безбедноста на државата и подобрување на економијата
Таа нагласи дека ова не е време за прослави и за патување и никој и не планирал да организира што било. Шекеринска потврди дека актуелната криза ќе влијае и на идните финансии резервирани за мисијата во НАТО и обврските што произлегуваат од членството, а во моментот кога ќе заврши здравствената криза ќе биде многу појасно со колкави средства во различни сектори ќе се справуваме.