Разговори на Г7 за „дезинформациска кампања“ на Кина
![Разговори на Г7 за „дезинформациска кампања“ на Кина](https://gdb.rferl.org/DF0DC199-A1B0-4D99-8402-41294368CB6B_w800_h450.jpg)
Групата од седум најголеми економии Г7 разговараа за „намерна кампања на дезинформации“ која ја шири Кина, соопшти американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесува Ројтерс.
За врме на прес-конференцијата во Стејт департментот, Помпео на Г7 кој учествуваше виртуелно, ги повтори претходно изнесените обвинувња дека Кина одолговлекува со споделување на информации за вирусот, истакнувајќи дека и другите членки на Г7 се „длабоко свесни“ за дезинформациската кампања на Пекинг.
Помпео додаде дека на светот му се потребни точни информации од Кина за коронавирусот.
Кронавирусот Ковид-19, кој се прошири во 170 држави во светот, за прв пат се појави на крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан.
Од последиците на Ковид-19, болеста која ја предизвикува вирусот, во свето досега починаа повеќе од 19.500 луѓе.