Трета жртва на коронавирусот, дополнителни ограничувања за викенд
![Трета жртва на коронавирусот, дополнителни ограничувања за викенд](https://gdb.rferl.org/53BB8029-C024-4D29-AEB5-9A06600A2358_w800_h450.jpg)
Жена која имала хронично заболување е нова жртва на коронавирусот во земјава. До денеска вкупната бројка на заболени од Ковид-19 се искачи на 177, а за спречување на ширењето на вирусот Владата забранува движење и за време на викендите за сите граѓани, од 16 часот до 05 часот.