Економскиот пад од коронавирусот ќе биде полош од 2008 година
![Економскиот пад од коронавирусот ќе биде полош од 2008 година](https://gdb.rferl.org/E6727545-719F-4CF2-BAFA-8AFB6DEB38EE_cx0_cy5_cw85_w800_h450.jpg)
Шефот на Светската трговска организација Роберто Азеведо изјави дека проекциите покажуваат оти економскиот пад и загубите на работни места предизвикани од пандемијата на коронавирус ќе бидат полоши од рецесијата во 2008 година.
Коронавирусот го турка светот во голема рецесија
„Неодамнешните проекции предвидуваат економски пад и загуби на работни места полоши од глобалната финансиска криза пред десетина години“, рече генералниот директор Азеведо во видео-пораката објавена на веб-страницата на оваа организација со со седиште во Женева. Тој додаде дека конкретните предвидувања сè уште не се достапни, но оти неговите економисти очекуваат „многу остар пад на трговијата“.