Затекнатите 114 лица од денеска може да го напуштат Дебар
Лицата кои се затекнаа во Дебар на денот на прогласувањето на кризната состојба, поради коронавирусот и поради тоа не можеа да го напуштат градот од денеска може да си одат од капацитетите на „Дебарски Бањи-Цапа“ каде и престојуваа во изминатите 14 дена, информираше градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, кој во исто време раководи и со Општинскиот оперативен штаб.
Попот и оџата во Дебар заедно против коронавирусот
Според него македонските државјани веднаш си заминуваат, додека странските ќе ја напуштат земјата според предвиден протокол. Инаку, во хотелот во Бањиште беа сместени 114 лица од неколку градови на земјава, пред се од подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, како и од Косово, Србија, Бугарија и Шведска.
Во општина Дебар до денес со коронавирус дијагностицирани се 43 лица (две починати), додека 208 лица се во домашна изолација, кои, според Дука, постојано се посетуваат од припадниците на МВР, со цел да се контролира колку ја почитуваат мерката да не излегуваат од нивните домови.
24 новозаразени со коронавирус во Македонија, до пладне вкупно 201 лице
Инаку, во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. Нови случаи на заразени има во Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1) и Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус, денеска до 12.00 часот, изнесува 201 лица, објави Министерството за здравство на својата официјална Фејсбук страница.