Пет членови на Конгресот заболени од коронавирус
![Пет членови на Конгресот заболени од коронавирус](https://gdb.rferl.org/B5E31717-DF94-4B9D-B239-EB15FBF23E5C_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Американскиот конгресмен Мајк Кели е позитивен на коронавирус, откако на почетокот на неделата се пожалил дека има симптоми на болеста. 71 годишниот републиканец од Пенсилванија е петтиот член на Конгресот кој е заболен од вирусот. Кели ја соошти веста во истиот ден кога неговиот колега од редовите на демократите Џо Канингам објави дека исто така е заразен од инфекцијата.
Канингам изјави дека бил во карантин од 19 март кога дознал дека бил во контакт со заболен. Републиканскиот сенатор Ренд Пол од Кентаки, како и демократскиот претставник Бен МекАдамс од Јута и претставникот на републиканците од Флорида, Марио Диаз Баларт се другите заболени. Најмалку 26 членови на Претставничкиот дом и Сенатот се во карантин бидејќи имале контакст со лица заболени од коронавирусот.