МНР: До сега е организирано враќање на 1842 македонски граѓани
Заклучно со 14 часот денеска во организација на МНР е направена репатријација на 1842 наши државјани. Активностите се реализирани по апелот за пријавување на македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по јавниот повик за организирање на авионски превоз, но и преку хуманитарни конвои.
Како што соопшти МНР, од бројката од 1842 лица, 1097 се репатрирани од пет земји (Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија) со седум авиони и тоа од: Валета, Загреб, Љубљана, Минхен, Берлин, Бон/Келн, Виена, а 150 граѓани со три хуманитарни конвои (автобуси и автомобили) од Црна Гора, Словенија и Истанбул.
Преписка на Рашковски и Мицкоски за враќањето на македонските државјани
Идентични мерки против коронавирусот на Западен Балкан
На 446 наши државјани им беше пружена помош од Министерството за надворешни работи преку насочување или обезбедување дозволи за нивно враќање дома преку аеродромите во Софија, Солун, Истанбул и Тирана. Со регулирана постапка, пак, во комуникација со српските
органи, самостојни дозволи во посредство на МНР, се додава, беа издадени на 145 македонски граѓани за да ги преминат српските граници како би се вратиле во земјата.
Од МНР посетуваат дека за денеска во вечерните часови е планиран лет за враќање на околу 160 наши граѓани од Базел според најавите, а согласно заклучоците на Кризниот штаб и Владата, МНР ќе излезе со дополнителни навремени информации за следните планирани активности.