Случај „Транспортер“ - 8 години затвор за Владимир Талески
![Случај „Транспортер“ - 8 години затвор за Владимир Талески](https://gdb.rferl.org/4BD03F2D-3221-492B-BDFF-890CEB54D2F4_cx17_cy5_cw76_w800_h450.jpg)
Основниот кривичен суд Скопје денеска изрече првостепена пресуда за случајот „Транспортер“, кој се водеше против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, и уште 20 лица.
Талески првостепено е осуден на 8 години затвор. Другите 20 обвинети со денешната пресуда се прогласени за виновни. Меѓу нив се раководител на сектор во Оштина Битола во времето на мандатот на Талевски, поранешни директори на училишта и управители на фирми. Дел од нив добија затворски казни, дел условни.
Гордиевиот јазол на бесплатниот школски превоз во Битола
Случајот „Транспортер“ се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, а го отвори поранешното СЈО.
Според пресудата, 11 правни субјекти треба да вратат над 34 милиони денари во случајот „Транспортер“, а судијката Кацарска потенцираше дека доколку овие фирми немаат имот, побарувањата ќе се наплатат со конфискување на имотот на осудените во случајот.