Градежниот отпад сè уште се фрла насекаде во тетовско
![Градежниот отпад сè уште се фрла насекаде во тетовско](https://gdb.rferl.org/E6752AC7-1874-4169-BBE0-ACC6C137DEE5_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Нема решение за градежниот отпад во тетовско. Диви депонии се формираат насекаде, па дури и во ски-центарот Попова Шапка. Дури и да започне стандардизираното работење на регионалната депонија Русино, таму законски не смее да се остава градежниот шут, односно не смее да се меша со комуналниот отпад. Треба да се направи посебна депонија за градежен шут.