Филипче на итен состанок со докторите и претставници на МВР
![Филипче на итен состанок со докторите и претставници на МВР](https://gdb.rferl.org/E3EC7258-5271-4B7A-86E3-5DD529B08263_w800_h450.jpg)
Министерството за здравство соопшти дека денеска во 13 часот, министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на МВР. Целта на состанокот е заедничка координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот.
ИЈЗ: Околу 100 новозаразени, се анализираат уште брисеви
На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен, како и организација и спроведување на можни дополнителни мерки. Анализите и заклучоците од состанокот ќе се достават како предлози до Владата на Република Северна Македонија и кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување, соопшти Министерството за здравство.