Грција нема издадено никаква нова забрана за влез на македонски државјани
![Грција нема издадено никаква нова забрана за влез на македонски државјани](https://gdb.rferl.org/74CE2D2D-9B45-455F-A5A9-7F75EBDCAFBD_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Во Грција не постои никаква нова или дополнителна забрана за влез на македонски државјани, освен постојните одлуки, јави дописничката на МИА од Атина.
Грција ја отвора границата кон Македонија на 15 јуни.
За информацијата објавена во дел од македонските медиуми, во кои наводно е цитирано соопштение од грчкото МНР дека „до 1 јули забранува влез во Грција за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари“, македонското МНР, преку официјалниот „Твитер“ профил реагираше дека станува збор за лажна вест.
Конкретната „вест“ е проследена и со фотографија од наводното соопштение од Министерството за надворешни работи на Грција, кое е напишано на грчки јазик меѓутоа со граматички и синтаксички грешки, а најверојатно за преводот е користен „Гугл транслејт“.