Нови 125 заразени со коронавирус, двајца починати
![Нови 125 заразени со коронавирус, двајца починати](https://gdb.rferl.org/6AD6DC6C-32B1-4A74-8DF1-75A81930090E_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Во последните 24 часа се регистрирани 125 нови случаи на ковид-19 во земјава. Најголем број од случаите се од Скопје - 46. Во Kуманово 19, Штип 17, Тетово 16, Гостивар 6, Струга 7, Велес 3, Охрид 5, во Неготино 2 и по еден во Прилеп, Битола, Кочани и Делчево. Во последните 24 часа се направени 1085 тестирања.
Починаа двајца пациенти, еден од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица на 67 години, хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.