Советник во кабинетот на Чулев позитивен на Ковид-19
Мухамет Исмаили, советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, е позитивен на Ковид-19, потврди МВР, но со напомена дека Исмаили не се инфицирал додека извршувал работни задачи.
905 лица во изолација, 1143 не носеле маски
„Имаили последен пат бил на работа на 2 јуни, а тестот го направил на 6 јуни кога е потврдено дека е позитивен. Последната средба министерот Наќе Чулев со неговиот советник ја имал на 24 мај. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација“, се вели во информацијата на МВР и се додава дека Министерството ги презема сите неопходни мерки за заштита на вработените.