Датумот за избори и натаму неизвесен, партиите преговараат
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски за РСЕ вели дека за организирање избори се потребни 35 до 50 дена. Во меѓувреме ниту од СДСМ ниту од ВМРО- ДПМНЕ не одговараат на новинарски прашања како течат преговорите за датум за избори. В сабота истекува вонредната состојба во државата, а дотогаш партиите треба да се договорат кога би се одржале изборите.