Во Албанија нема јавен превоз поради ковид-19
Во Албанија се пролонгира повторното воспоставување на јавниот превоз поради зголемениот број на новозаразени со ковид-19, соопшти техничкиот комитет на експерт. Јавниот превоз требаше да отпочне со работа в понеделник, но тоа се одлага оти, како што оценил комитетот, претставува „активност со висок ризик“.
Почитувајте ги мерките или пак рестрикции, се закани Рама
По одреден период на едноцифрени и ниски двоцифрени бројки на новозразени дневно, од понеделникот тој број е во постојан раст, така што денеска се регистрани 48 новозаразени.