Градоначалникот на Гази Баба позитивен на ковид – 19
![Градоначалникот на Гази Баба позитивен на ковид – 19](https://gdb.rferl.org/4AAD0D87-D7EF-4CE8-BDD7-9B3CF9B83150_w800_h450.jpg)
Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски е позитивен на Ковид-19. Тој синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника.
„Утрово го добив тестот, засега сум добар, немам температура и примам соодветна терапија пропишана од лекарите“, изјави Георгиевски.
Засега нема потврда од администрацијата во Општина Гази Баба дали вработени во општината ќе треба да одат во самоизолација.
Градоначалникот на Чаир е позитивен на КОВИД-19
Од градоначалниците на скопските општини позитивен на ковид-19 е и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.