Десетици медицински сестри од внатрешноста на испомош против коронавирусот во Скопје
Триесетина медицински сестри од повеќе болници во државата ќе им помагаат на своите колеги на Клиниката за инфективни болести. Исто толкава бројка медицински сестри од повеќе болници ќе се распределат и во ГОБ „8 Септември“, напиша на својот ФБ профил државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев.
Девет починати од коронавирус за еден ден, рекорден број досега
Во овие две јавни здравствени установи, посочува Милошев, приемот на заболени од ковид-19 е најголем, со речиси целосно исполнети капацитети. Во Министерството за здравство постојано ја следиме состојбата, преземајќи ги сите мерки за соодветен третман на заболените. Благодарност до здравствените работници кои само за неколку часа по дадената насока, се подготвија и пристигнаа во Скопје, на помош на своите колеги, напиша Милошев на Фејсбук.