Говорот на омраза мора да се спречи додека не пламне на улица
![Говорот на омраза мора да се спречи додека не пламне на улица](https://gdb.rferl.org/77C06F2A-EE0B-4B32-8B1B-22AE6C378652_cx1_cy2_cw96_w800_h450.jpg)
Зголемен е говорот на омраза од почетокот на оваа година, покажуваат истражувањата на мониторинг организациите во земјава. Еден од последните случаи е навредите на вработен во Општина Бутел кој предизвика протест на жителите во општината. Аналитичари велат дека институциите треба да го казнуваат говорот на омраза, без разлика од каде доаѓа, но сметаат и дека политичарите прават злоупотреби за предизборни цели.