Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июнь
2020

На учениците им се бараат пари за свидетелства кои се бесплатни

0
На учениците им се бараат пари за свидетелства кои се бесплатни

Училиштата самоиницијативно бараат пари за издавање свидетелства, иако Бирото за развој на образование им ги испраќа свидетелствата на училиштата без барање за надомест.

Училишта низ Северна Македонија бараат од учениците од 50 денари и повеќе за издавање на свидетелства. Но, ученици да плаќаат за свидетелство не е предвидено со закон. Според утврдените правила, Бирото за развој на образованието подготвува свидетелства, односно прави набавка на свидетелства. Бројот на потребни свидетелства го пријавува секое училиште до Бирото.

На оваа нерегуларност реагираше Сојузот на средношколци, кои информираа дека добиваат поплаки од средношколци од повеќе градови.

„Имено, Сојузот на своите страници на социјалните медиуми добива информации од средношколци, кои го информираат Сојузот за ваквата пракса, но и се жалат на фактот дека треба да плаќаат такси на училиштето за нешта за кои не се изборни, односно свидетелствата.

Тетовските гимназии „7 Март“ и „Кирил Пејчиновиќ“, економското средно училиште „8 Септември“, како и средните стручни училишта „Моша Пијаде“ и „Гоце Стојчевски“ наплаќаат 50 денари од своите ученици за издавање на свидетелства. Овој износ учениците мораат да го платат во текот на јуни. Средното медицинско училиште во Тетовo наплаќа дури 100 денари за издавање на свидетелство.

Покрај тетовските средни училишта, Сојузот доби слични информации за средни училишта во Скопје и Куманово. Училиштето „Зеф Љуш Марку“ исто така бара 50-100 денари од своите ученици, додека кумановската гимназија „Гоце Делчев“ има долго воспоставена пракса. Секоја учебна година од учениците биле барани 50 денари такса за свидетелство. Класните раководители воделе евиденција за тоа кој платил, а кој не. Доколку ученикот не ја платил таксата во јуни, тој не добивал свидетелство. Ако сакал воопшто да добие, требал во септември да плати и свиделството веднаш го добивал“, стои во реакцијата на Сојузот, дополнувајќи дека оваа пракса го загрозува јавниот карактер на образование.

Потсетуваат дека овие такси не се споменуваат во Законот за средно образование, а свидетелствата се задолжителни како доказ за завршена учебна година.

„Иако износите од 50 или 100 денари некому му делуваат незначително или смешно, не смее да се заборави дека во државното образование учествуваат ученици со различни финансиски состојби. За некој, 50 денари навистина не се малку. А кога ќе се земе предвид дека се наоѓаме во тешка економска, но и општа криза, срамно е учениците да бидат приморани да плаќаат за да добијат свидетелства“, додаваат од Сојузот.

Државниот инспекторат ги повикува учениците да се жалат

Од Државниот инспекторат за образование велат дека секој ученик треба прво да реагира во училиштето, а потоа до инспекторатот.​

„Секој ученик или група ученици кои даваат наводи дека од нив е побарана такса за сведителства, најпрво ги упатуваме писмено да се обратат до органите на училиштата од кои ќе побараат писмено образложение за што точно им е побарана такса. Доколку се незадоволни од одговорот, ги упатуваме да се обратат до нас со сите релевантни информации и ние како надлежна институција, за секој случај поединечно ќе извршиме инспекциски надзор“, велат од инспекторатот.

Праксата е „традиционална“

Ова барање постои со години наназад, но сега средношколците се подготвени да реагираат организирано за да ја посочат незаконитоста.

„Како Сојуз на средношколци на РСМ знаевме дека овие појави се случуваат поради нашите лични искуства, но, за жал, Сојузот функционираше само во два-три града и не можевме да контактираме со останатите средношколци. Така што конкретниве поплаки ги добиваме сега, односно од почетокот на јуни. Бидејќи оперираме во 14 градови, лесно можевме да согледаме дали истово се случува низ земјата. Средношколците почнаа да не` информираат во почетокот на јуни, но преку поплаките ни кажуваат дека пари им биле барани и во претходните учебни години“, изјави Бленди Ходаи, претседател на Сојузот.

Средношколците бараат од надлежните институции да излезат со јасен став и зошто било дозволено ова со години наназад.

Од Сојузот информираа дека денеска ги испратиле податоците што тие ги имаат до Државниот просветен инспекторат преку електронска пошта. Од Министерството за образование и наука пак, истакнуваат дека оваа нерегуларност не е во нивна надлежност.

„Државниот просветен инспекторат е надлежна институција за контрола над работата на училиштата, менаџментите и вработените во истите, како и за надзори над остварување на правата во областа на образованието. До МОН не е доставена информација дека на некои ученици им се наплатува за подигнување на свидетелство“, велат од МОН и ги упатуваат учениците да реагираат до инспекторатот.





Губернаторы России
Москва

Собянин рассказал о росте турпотока из Китая





Москва

Топ-5 самых ярких зарубежных архитектурных проектов на первичном рынке Москвы


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Бато Багдаев

Театр и Цирк, Культура и Концерт, Россия и Дети: Учащиеся Гурульбинской школы восхитились мастерством жонглирования, игрой с хула-хупами, иллюзионистами цирка Бурятии




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов установил мировой рекорд по чеканке мяча

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы


WTA

Самсонова обыграла Александрову и вышла в финал турнира WTA в Хертогенбосхе



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Вода в екатеринбургской Исети оказалась пригодной для плавания



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России