За 24 часа на ГП Табановце 2.444 патници
Во изминатите 24 часа на Граничниот премин Табановце имало вкупно 2.444 патници, од кои 1.192 домашни и 1.252 странски државјани, јави МИА повикувајќи се на информациите од надлежните на граничниот премин.
Претпладнево група македонски граѓани чекале на влез во државата, а дел од нив имале ПЦР тестови.Група патници кои влегуваат во државата од Германија ќе мора да одат во карантин, бидејќи немале извршено тестови последниве 72 часа.
Странците низ С. Македонија можат да ги користат сите гранични премини
На вчерашната седница Владата донесе одлука од денеска се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат подготвува решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.
Согласно владината одлука останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, кои при влез на територија на Република Северна Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.