Пред изборите во Србија, Вучиќ игра на кинеска карта
Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата владејачка партија водат кампања дека Кина им помогнала на Србите да ја совладаат епидемијата со ковид-19 и оти кинеските инвестиции се клучни за српската економска иднина. Пред првите парламентарни избори во Србија од 2016 година, владејачките партии почнаа да се сликаат со нивните кинески пријатели со длабоки џебови.