Ципрас: Докажавме дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени
![Ципрас: Докажавме дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени](https://gdb.rferl.org/2669B9E5-211A-4401-BF01-A0ED10E5A6E7_cx3_cy27_cw53_w800_h450.jpg)
Поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас по повод две години од потпишувањето на Договорот од Преспа порача дека докажале еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени.
„Пред две години се сретнавме во Преспа, онаму каде што низ историјата поминаа победници и поразени, триумфатори и трагични херои. Им се обративме на нашите народи, на народите од Балканот кои се бореа за слобода, но беа измачувани и се измачуваат од отровот на националистичката омраза, на меѓународните конфликти и братоубиствените војни. И докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој“, напиша Ципрас на Фејсбук.
Две години од Преспанскиот договор
Според него, Грција се нашла на правилната страна на историјата, а тоа го покажуваат во пракса и оние кои се бореле против договорот.