Во Франција осуден чичкото на сирискиот претседател Асад
Францускиот суд го осуди чичкото на сирискиот претседател Башар ал Асад на 4 години затвор за перење пари. Рифат ал Асад, кој е во егзил беше прогласен за виновен за стекнување на француски имот вреден милиони евра со помош на средства пренесени од сириската држава.
Судот нареди да се заплени имотот вреден околу 90 милиони евра. 82 годишниот чичко на Асад кој бил хоспитализиран поради внатрешно крварење во декември во Франција не беше присутен на изрекувањето на пресудата. Тој ги негираше обвинувањата и изјави дека неговото богатство е поклон од сириското кралство семејство.
Наречен „Месарот од Хама“ поради наводното раководство на војници кои спроведоа востание во централна Сирија во 1982 година, Рифат ал Асад живее во егзил од средината на осумдесеттите години на минатиот век. Тој беше обвинет дека се обидел да ја превеземе власта од неговиот брат, тогашниот претседател Хафез ал Асад, кој ја предводеше Сирија од 1971 година до неговата смрт во 2000 година. Откако Хафез почина, неговиот син Башар ал Асад стана претседател на Сирија.