Јапонија со донација на лекот „Авиган“
![Јапонија со донација на лекот „Авиган“](https://gdb.rferl.org/42E3A83D-8F71-44A8-8DB9-EAC259BD6F40_w800_h450.jpg)
Јапонија донирала лек Фавипиравир (Авиган) за 100 лица во Република Северна Македонија како дел од помошта за земји погодени од Ковид-19, во партнерство со УНОПС (Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации).
Ефективноста на „Авиган“ сѐ уште не е потврдена, но многу земји, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија покажаа интерес за овој лек посочуваат од Амбасадата и додаваат дека Јапонија сака да го прошири клиничкото истражување за „Авиган“ заедно со Република Северна Македонија и други земји.
Од амбасадата наведуваат и дека се претпоставува оти „Авиган“ има контраиндикации за деформации и затоа здравствените институции треба соодветно да го препишат и користат.