Невреме и поплави во северна Грција
![Невреме и поплави во северна Грција](https://gdb.rferl.org/01E65B8F-2AF2-4F6F-8E5A-148C0F80C84A_w800_h450.jpg)
Во невремето со обилен дожд и град што вчера го зафатил северниот дел на Грција, предизвикана е материјална штета и поплавени улици во Серес, Ксанти, Ламиа, на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.
Најпогоден е грчкиот град Серес каде што се излеала надојдената река и биле поплавени над 100 домови, а била предизвикана голема штета на подруми, паркинзи, автомобили и сл.
Противпожарната служба примила над 100 повици за помош. Во одредени делови на Грција биле регистрирани околу 1.500 молњи според системот за регистрација на молњи на Националната опсерваторија во Атина.