Ѓукановиќ: Ние го браниме европскиот вредносен систем
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска им порача на националистите кои го нарекоа крадец дека тие имаат право за тоа, затоа што тој ја краде нивната илузија која се вика „голема Србија“.
„Тие сметаат дека сум одговорен за тоа што спречив да бидат добри извршители на туѓиот проект од 2016 година. Веројатно сметаат дека сум одговорен што се обидуваат да го злоупотребат прашањето за религијата и да го искористат за големосрпски идеи“, рече Ѓукановиќ.
Тој на прес-конференција со хрватскиот колега Зоран Милановиќ во Цетиње порача и дека е достоен во намерата да ги брани основните вредности на Црна Гора.
„Ние го браниме европскиот вредносен систем и се додека сме на таа платформа, се чувствувам многу пријатно, рече Ѓукановиќ.