Помпео: Одлуката за анексија на Западниот Брег зависи од Израелците
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека одлуката за евентуална анексија на делови од окупираниот Западен Брег е на Израелците, што, според посматрачите, значи дека тој практично и дал одобрување на еврејската држава за ваков потег. „Одлуките на Израелците да воспостават суверенитет над тие територии се одлуки што зависат од нив“, им рече Помпео на новинарите во Вашингтон. Сепак, плановите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наидоа наголемо спротивставување во ОН.
Нетанјаху: Време е за анексија на делови од Западниот Брег
Нетанјаху вети дека на 1 јули ќе ја објави својата стратегија за спроведување на планот на претседателот на САД Доналд Трамп, за Блискиот исток. Планот предвидува Израел да ги анектира Јорданската долина и сите еврејски населби на Западниот Брег и создавање на палестинска држава на преостанатата територија.