Спасовски: Инспекциите ќе ги проверат поскапувањата на некои домашни производи
![Спасовски: Инспекциите ќе ги проверат поскапувањата на некои домашни производи](https://gdb.rferl.org/9FCD8DC2-B459-45C8-A226-0C2BAE277242_w800_h450.jpg)
Премиерот Оливер Спасовски денеска изјави дека им наложил на инспекциски служби да проверат дали, каде и зошто има поскапувања на домашните производи по воведувањето на платежните картички.
„Има некакви реакции од граѓаните. Веќе дадов налог на инспекциските служби да се провери и во малопродажбата и во производството, да видиме за што станува збор – дали за поскапување на репроматеријали врз основа на кои се зголемува и цената на овие производи или за сосема нешто друго. Ќе видиме што ќе кажат инспекциските органи за оваа појава која не е масовна, но ја има во некои продавници“, рече Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на новата градинка во Волково.
Тој воедно апелира дека сега не е момент да се прави профит.