Напади со нож во Глазгов, осомничениот за нападите убиен
Полицијата во шкотскиот град Глазгов застрелала човек осомничен дека претходно со нож повредил шест други лица. Осомничениот починал откако бил застрелан, соопштија од полицијата.
Шест луѓе се во болница на лекување, меѓу нив и еден полицаец кој е во критична, но стабилна состојба, велат од полицијата.
Од таму велат дека засега не трагаат по друго лице во врска со овој инцидент и дека случајот не го третираат како тероризам.
Инцидентот се случил во близина на железничката станица Глазгов Квин Стрит, помалата станица од двете главни железнички станици Глазгов.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека жали за индидентот и сочувствува со жртвите и со нивните семејства.
Минатата недела, три лица беа избодени до смрт во парк во југоисточниот англиски град Ридинг. Полицијата соопшти дека тие го третираат тој инцидент како тероризам.