Милошоски оди во самоизолација
![Милошоски оди во самоизолација](https://gdb.rferl.org/7C31C606-941C-40FE-9689-DD482314E58C_w800_h450.jpg)
Поранешниот пратеник и министер за надворешни работи Антонијо Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека оди во самоизолација, затоа што неговата мајка била позитивна на ковид-19. Таа работи како медицинска сестра во болницата во Кичево. Милошоски имал кратка средба со мајка му пред пет дена во Кичево и поради тоа надлежниот епидемиолог од Битола му пропишал мерка самоизолација до 6-ти јули.
Тој информира дека се чувствува добро и дека засега нема никакви симптоми. Посочи дека до 6-ти јули ќе има две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица.
Милошоски е кандидат за пратник на листата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори.