Терористички напад на Пакистанската берза
Во напад на берзата во Карачи, Пакистан, загинаа најмалку 10 лица, меѓу кои и четворица терористи, а се повредени седуммина, од кои тројца полицајци, соопштија официјални претставници, пренесе германската новинска агенција ДПА.
Четворица припадници на обезбедувањето, еден полицаец и еден цивил се меѓу загинатите, изјави за медиумите шефот на регионалната полиција Шариел Харал.
„Сите четворица терористи се убиени од безбедносните сили. Напаѓачите носеле огромно количество оружје и муниција и се обиделе да влезат во трговската сала, но биле спречени со брза реакција на безбедносните сили“, објасни Харал.
Управниот директор на Пакистанската берза, Фарук Кан, изјави дека ситуацијата е ставена под контрола.