Филипче: Не е време за отворање на градинките
![Филипче: Не е време за отворање на градинките](https://gdb.rferl.org/E6F5AD95-718A-45E3-8767-31CEAC7C1FB6_cx8_cy10_cw69_w800_h450.jpg)
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сега не е време да се отворат градинките, со оглед на тоа што секојдневно имаме голем број новозаразени пациенти со Ковид-19.
Во однос на веќе спроведениот скрининг на вработените во градинките, Филипче рече дека во тој момент имало услови градинките да бидат отворени, а скринингот се направил со цел да се заштитат децата.
„Сепак, потоа почна да расте бројот на новозаболени, пораид што не е возможно да се отворат градинките“, рече министерот и додаде дека во моментов не може да каже кога ќе се отворат градинките.
Филипче предупредува на есенскиот бран на Ковид-19
Филипче, за време на денешната посета на болницата „Козле“ во Скопје, која е новиот Ковид-центар, најави и дека во монтажната болница што се наоѓа до Инфективната клиника до среда или четврток треба да биде поставен системот за кислородна поддршка, бидејќи, како што рече, кислородната поддршка е потребна не само за пациенти со потешка клиничка слика, туку и за оние со полесна ако има индиции кои укажуваат на тоа.