Рама во Приштина за да дознае за обвинението против Тачи и Весели
![Рама во Приштина за да дознае за обвинението против Тачи и Весели](https://gdb.rferl.org/9E59976A-D845-4C56-AE6A-6D6068AB9BA3_w800_h450.jpg)
Албанскиот премиер Еди Рама е во посета на Косово и разговара со тамошното раководство и лидерите на политичките партии за обвинението што пред неколку денови Специјалното обвинителство го покрена против претседателот на Косово, Хашим Тачи и против претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели. Тие се обвинуваат за воени злосторства.
Рама на Твитер напиша дека се наоѓа во Приштина за да дознае повеќе за обвинението.
Косовскиот претседател Тачи ќе има обраќање за обвиненијата од Хаг
„Во Приштина сум за да дознам повеќе за експресниот налог кој ќе влезе во историјата на светското правосудство како срамна дамка на 21 век“, пишува Рама.
Косовскиот претседател Хашим Тачи за денеска планира да и се обрати на нацијата за обвиненијата за воени злосторства поднесени против него. Специјалното обвинителство во Хаг на 24 јуни покрена обвиненија за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото против Тачи и други Косовци.
Обвиненијата датираат од наводните активности за време на или по косовската војна за независност во периодот 1998-99 година, кога Тачи командуваше со Ослободителната војска на Косово.