Авганистански разузнавачи тврдат дека е убиен висок лидер на Исламската држава
Авганистанската разузнавачка служба синоќа објави дека специјалните сили во земјата убиле висок разузнавачки претставник на милитантната организација Исламска држава (ИД).
Националниот директорката за безбедност на Авганистан соопшти дека Асадула Оракзаи, кој бил осомничен за вмешаност во бројни крвави напади врз авганистанската војска и врз цивилни цели, бил убиен во операција во близина на Џалалабад, но не прецизираше датум.
Обединетите нации во последниот извештај предупредуваат дека Исламската држава останува способна за напади од висок профил и се надева да регрутира повеќе борци меѓу опонентите на договорот од пред пет месеци меѓу САД и талибанците, кои долго време војуваат против авганистанските власти.
Веста за убиството на Оракзаи доаѓаа во време на пад на нападите на ИД. Во меѓувреме, дводневниот прекин на огнот меѓу талибанските милитанти и владата за празникот Курбан Бајрам се спроведува низ целата земја, поттикнувајќи ги надежите дека наскоро може да започнат долго очекуваните мировни преговори.
Договорот меѓу САД и талибанците од февруари предвидува талибанците треба да ја спречат Ал Каеда и другите терористички организации да го користат Авганистан за извршување напади против САД и нивните партнери.