Илинденски пораки - Повици за заедништво и борба со ковид-19
Граѓанското помирување е основен услов за функционирање на демократско плурално општество, порача претседателот Стево Пендаровски за Илинден. За „едно општесто за сите“ и за членство во НАТО, зборуваше премиерот Оливер Спасовски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се извини за грешките на партијата во минатото. Сите говорници зборуваа и за битката со ковид-19.