Фискална стратегија - Опоравување на економијата догодина
![Фискална стратегија - Опоравување на економијата догодина](https://gdb.rferl.org/395D4696-B8D9-4556-835D-134FC26DC253_w800_h450.jpg)
Пандемијата со ковид-19 се одрази на економијата, но тоа според владината фискална стратегија е само привремено, оти стратегијата предвидува опоравување на економијата од следната година. Проекциите се оптимистички, а остварувањето ќе зависи од тоа дали новата влада ќе ја постави економијата за прв приоритет, вели академик Абдулменаф Беџети.