САД: Русија води онлајн операција за дезинформирање за коронавирусот
САД ја обвинија Русија за развој на софистициран „екосистем“ за ширење на дезинформации и пропаганда околу коронавирусот и други прашања.
Во новиот извештај објавен на 5 август, Стејт департментот наведува дека руските онлајн операции користат „пет главни столба“ за да ги засилат лажните наративи и теориите на заговор во обид да се внесе збунетост и страв.