Нови 155 случаи на коронавирус, двајца починати
Во изминатото деноноќие се регистрирани 155 нови случаи на коронавирус во земјава, а две лица починаа, соопшти Министерството за здравство. Направени биле 1845 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје 51, Гостивар 22, Кавадарци 14, Штип 13, Куманово 11 и во Тетово 10.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти.
Пристап до вакцина ќе имаме, но колку ќе се вакцинираме?
Досега во земјата се направени вкупно 111791 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11554, бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428.