Трамп ќе учествува на видео конференција за помош на Либан
![Трамп ќе учествува на видео конференција за помош на Либан](https://gdb.rferl.org/4BB54D04-0940-4831-915B-0484F7F935AF_w800_h450.jpg)
Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави дека ќе учествува на заедничка средба со либанскиот претседател и другите светски лидери в недела за да разговара за помошта за Либан по катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут.
Трамп на „Твитер“ објави дека разговарал со либанскиот претседател Мишел Аун и со францускиот претседател Емануел Макрон, кој, исто така, ќе учествува на средбата.
Претседателот на Либан отфрла можност за меѓународна истрага за експлозијата
На Либан му требаат 15 милиони долари за најитните здравствени потреби
„Ќе одржиме видео конференција во недела со претседателот Макрон, либанските лидери и лидери од различни делови на светот. Секој сака да помогне!“, напиша Трамп на твитер.