Времето променливо облачно со пороен дожд
![Времето променливо облачно со пороен дожд](https://gdb.rferl.org/01C82D93-D980-4AD6-BE66-B6154F2AC4DB_w800_h450.jpg)
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната од 25 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 27 степени.