Европски и блискоисточни лидери пристигнуваат во Либан
![Европски и блискоисточни лидери пристигнуваат во Либан](https://gdb.rferl.org/EE880903-1600-4AC0-96F6-BE033D0D8D5A_w800_h450.jpg)
Високи официјални претставници од Блискиот исток и Европа започнаа денеска да пристигнуваат во Либан во знак на солидарност со земјата погодена од смртоносната експлозија неделава.
Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Гајт и претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, пристигнаа во Бејрут во време кога се очекуваат големи протести против Владата на Либан.
„Ние ќе го поддржиме Либан со сите средства што ни стојат на располагање“, изјави Абул Гејт, кој е претседател на организацијата на 22 земји-членки после средбата со либанскиот претседател Мишел Аун.
Тој најави дека утре ќе учествува на донаторската конференција за Либан во Франција и дека ќе ги пренесе барањата на Либан до Меѓународната заедница.
Трамп ќе учествува на видео конференција за помош на Либан
Во Бејрут пристигна и Мишел, а вицепремиерот и министер за надворешни работи на Турција се состана и со претседателот на Либан и изрази подготвеност на Анкара да помогне во обновата на пристаништето во Бејрут и да ги евакуираат повредените од Либан во Турција на лекување.
Владејачката класа во Либан, која ја сочинуваат поранешни лидери на граѓанската војна, е обвинета за широко распространета корупција, неспособност и лошо работење што придонесе за експлозијата. Претседателот на христијанската опозициска партија, Катаеб Сами Џемаил изјави дека тројца пратеници решиле да си дадат оставка заради „катастрофата“ што ја зафати земјата, и го повика секој почесен член на парламентот да го стори тоа и да работи за „раѓање на нов Либан“.