И денеска променливо облачно, со дожд и ветер
![И денеска променливо облачно, со дожд и ветер](https://gdb.rferl.org/12f135e4-c59c-4bd8-a1ae-9314673ffb9e_w800_h450.jpg)
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 14 до 21, а максималната од 26 до 32 степена.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура се спушти до 18, а максималната ќе достигне 29 степени. Од понеделник ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.